1. „Претвори ја твојата идеја во визуелна форма“ – генерирање слики со вештачка интелигенција од текстуален опис (text-to-image). Учениците ја користеа својата имагинација и креативност.
2. „What the Art“ – Погоди ја сликата“ – целта е брзо да се погодат уметничките дела од избор од 10 опции додека уметникот ги црта.
3. „Quick Draw“ – игра/предизвик што покажува како вештачката интелигенција учи да ги препознава цртежите на луѓето.
4. „Say What You See“ – интерактивна игра каде што учиш да опишуваш визуелни слики со помош на AI.
5. Креирај постер за Недела на информатика.
По повод Денот на побезбеден интернет, со учениците се реализираа активности насочени кон подигнување на свеста за безбедно и одговорно користење на интернетот. Активностите започнаа со разговор и прашалник преку кој учениците одговараа на прашања за тоа кои содржини најчесто ги користат на интернет и колку време дневно поминуваат онлајн.
Потоа следеше презентација за кибер булинг, дигитален отпечаток и фишинг напади, како и начини за нивно препознавање и спречување. Учениците се запознаа со важноста од заштита на личните податоци и одговорно однесување во онлајн просторот.
На крајот, преку кратки ситуациски прашања, учениците дискутираа што би направиле доколку станат мета на кибер (сајбер) напад, како да постапат ако некој ги вознемирува на интернет, како да реагираат при појава на сомнителни пораки и линкови, како и кои информации треба, а кои не треба да ги споделуваат онлајн.
Активноста придонесе за развивање на критичко размислување и поголема свесност за безбедно користење на интернетот.
Наставник: Ристо Ристов.











