Во нашето училиште го одбележуваме – Денот на ретки болести, ден посветен на подигнување на свеста за лицата кои живеат со ретки заболувања и нивните семејства.
Ретките болести можеби се поединечно малку застапени, но заедно тие допираат милиони луѓе низ светот. Зад секоја дијагноза стои приказна – за храброст, трпение, борба и надеж. Овој ден нè потсетува дека различноста не треба да нè разделува, туку да нè учи на разбирање, емпатија и поддршка.
Како училиште, веруваме дека знаењето создава сочувство, а сочувството создава подобар свет.

Затоа денес испраќаме силна порака:
,,Да бидеме глас за оние што се соочуваат со тивки предизвици. Да покажеме поддршка, почит и прифаќање.”