Драги ученици и колеги,
Со радост и позитивна енергија го започнуваме второто полугодие, кое започнува на 20.1.2026 година (вторник). По кратката пауза за одмор, повторно се враќаме во училиштето подготвени за работа, нови знаења и успеси.
Второто полугодие носи предизвици, учење и напредок, како и простор за соработка, меѓусебна почит и личен развој.
Ви посакуваме успешно и инспиративно полугодие, исполнето со сила и енергија, труд и заеднички радости. Нека секој чекор напред биде повод за гордост.
Со среќа и добре дојдовте назад!
Со почит,
в.д. директор Маријан Божичковиќ.
