Ученици при ООУ „Кочо Рацин“ Нов Дојран учествуваа на трката „Run together“ во Гевгелија. Третата и единствена инклузивна трка во државата стартуваше денеска на пладне низ улиците на Гевгелија со учество на 900 лица со попреченост, инвалидизирани лица, заедно со нивните помошници и придружници.

Организатори на спортскиот и другарски настан се Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со АК „7 Ноември“ од Гевгелија.

БРАВО за спортскиот дух, инклузивата, човечноста и сите споделени насмевки!