„Инклузија во сообраќајот – секое дете е важно“ е публикација посветена на безбедноста на учениците како учесници во сообраќајот, со посебен фокус на децата со попреченост и нивните специфични потреби. Таа нуди препораки за едукација, развивање на сообраќајна култура и обезбедување на соодветна инфраструктура, како и улогата на училиштата, семејствата и заедницата во создавање безбедна средина. Со инклузивен пристап и заеднички напори, можеме да обезбедиме сите деца – без разлика на нивните способности – да се движат сигурно и заштитено во секојдневниот сообраќај.

РСБСП ја споделува оваа едукативна публикација, која е создадена од надворешните автори: Сања Точева – Специјален едукатор и рехабилитатор во ООУ ,,Кочо Рацин“ – Нов Дојран, Гордана Терзиева – наставник ментор по биологија и хемија во ООУ ,,Кочо Рацин“ – Нов Дојран.