Почитувани родители на деца родени во 2019 година, кои се законски обврзници за запишување дете во прво одделение во учебната 2025/2026 година,

Ве информираме дека заради навремено комплетирање на потребни документи за упис, офталмолошки преглед може да закажете преку матичниот лекар.

Воедно, секое тестирање извршено надвор од училиштето е незадолжително и истото не влијае на уписот во прво одделение кој го спроведува Комисија за запишување на ученици во прво одделение.

За останатите информации и потребните документи, ќе бидете навремено информирани.