По повод 1 Декември – Меѓународниот ден за борба против СИДА – болеста не познава етнички разлики, во ООУ „Кочо Рацин“ се реализира МИО едукативна работилница со учениците од 9 одделение. Активноста ја спроведоа наставникот по биологија ГорданаТерзиева, педагогот Жаклина Кречева и психологот Стефани Шапкарова, со цел подигање на свеста за превенција, заштита и значењето на здравите животни навики. Заеднички испративме порака за поддршка, информираност и грижа за сопственото и за јавното здравје.