По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во ООУ „Кочо Рацин“ беше реализирана заедничка активност со ученици и родители, под водство на специјалниот едукатор Сања Точева и наставник-ментор Гордана Терзиева. Активностите опфатија едукативно предавање на тема „Користење на инклузивен јазик“, со цел учениците и родителите да се запознаат со правилни начини на изразување кои ја поддржуваат инклузијата, почитта и достоинството на сите лица. По предавањето, учениците учествуваа во кратка работилница и решаваа краток тест за проверка на стекнатите знаења. Како гости на настанот присуствуваа и образовните асистенти Мухамед Амедов, Гулабина Макашчиева и Добрила Јованова и училишниот педагог, кои ја збогатија активноста со својата стручна поддршка. Настанот претставува уште еден чекор кон создавање инклузивна училишна средина во која секое дете е прифатено, поддржано и вреднувано.



