Денес нашето училиште беше исполнето со музика, насмевки и детска радост!

Интернационалниот детски музички фестивал Калинка денес нè посети во ООУ „Кочо Рацин“ – Дојран и донесе прекрасна атмосфера, позитивна енергија и многу возбуда кај нашите ученици.

Децата имаа можност да слушнат повеќе за фестивалот, да се мотивираат, да сонуваат за сцената и можеби да направат прв чекор кон остварување на својот талент.

Благодарност до организаторите за прекрасната дружба!

Продолжуваме да ги поддржуваме детските соништа и таленти!