На 12.11.2025 година се реализира Отворен час по хемија под менторство на наставникот Гордана Терзиева. На часот учествуваа учениците од VIII одделение, кои преку практични и интерактивни активности ја проширија својата љубопитност и знаење од областа на хемијата. Отворениот час го следеа претставници од стручната служба на училиштето – педагог, дефектолог и психолог , како и присутни наставници . Присутните гости ја истакнаа позитивната работна атмосфера и успешната демонстрација на наставниот процес.



