„Ден кога се спојуваат трудот, талентот и посветеноста“
Вториот ден од патрониот празник продолжи во динамичен и исполнет дух. Уште од раните утрински часови, училишниот двор оживеа со спортски активности, дружење и поддршка меѓу учениците. Атмосферата беше ведра, а енергијата заразна.
Во продолжение се одржа финалето на квизот „Покажи што знаеш“, каде финалистите ги одмерија своите знаења со остроумност, тимска работа и почит кон противниците. Секоја точка, секој одговор беше доказ за тоа колку учениците го носат Рацин во мислата и делата.
Попладнето беше резервирано за дружба и подготовки за свечената приредба – настан кој со нетрпение се очекува. Секоја учесничка група внесе дел од себе, од својот талент и од својата креативност. Се вежбаше со насмевки, понекогаш со вжештена енергија, но секогаш со љубов и ангажираност.
Секој беше посебен на свој начин, а заедно создадовме магија која се чувствуваше уште пред да се крене завесата.





