Се грижиме за здравјето на нашите ученици – чист воздух во нашите училници!
Во сите училници во нашето училиште се набавени и поставени прочистувачи за воздух коишто го чистат воздухот од ПМ честички, хемикалии, непријатни мириси, бактерии, вируси, алергени, полен, прашина, мувла и отровни гасови.
Оваа иницијатива е дел од нашата заложба за подобри услови за учење, здрава и безбедна средина за учениците и наставниците.



