На 21 февруари, во Богданци се одржа Ракометен караван организиран од страна на Ракометна Федерација на Македонија.

Нашите ученици од II до VI одделение со огромна радост и ентузијазам беа дел од овој спортски настан, каде преку игра, дружење и тимска соработка ја покажаа својата љубов кон ракометот. Насмевките, енергијата и спортскиот дух беа најголемиот доказ дека ракометот не е само игра, туку вистинска страст што обединува.

Од страна на организаторите беа обезбедени и пригодни подароци за сите учесници на овој настан.

Продолжуваме да ги поттикнуваме здравите навики, спортскиот дух и љубовта кон спортот!