Голема благодарност до аптеката Елена фарм.
Денес, како дел од наставата по Природни науки, ја посетивме аптеката и имавме извонредно искуство. Благодарни сме за топлиот прием, за вашата посветеност и за времето што ни го одвоивте.
Учениците имаа можност да се запознаат со различни видови лекови, начинот на нивната употреба, како и со важноста на правилното и безбедно користење на медицинските препарати. Посетата беше едукативна, интересна и многу корисна за сите.
Ви благодариме.
Вашите III одделение.

