Меѓународниот ден на лицата со попреченост е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта на овој ден е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков хендикеп, поттик на луѓето да бидат посвесни за правата, достоинството и благосостојбата на лицата со посебни потреби, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со посебни потреби во секој аспект од животот, од образовен, социјален,економски, културен иполитички.
Сите ние, треба да дадеме свој придонес во прифаќањето на сите околу нас, бидејќи сите сме еднакви под ова сонце. Да се смени стереотипното однесување, да се намалат стигмите кон луѓето со попреченост и да се крене свеста за интелектуалната попреченост.


