На ден 3.12.2025 год. на учениците од VII одделение им беше одржано предавање на тема „Стоп на врсничкото насилство“ од страна на училишниот психолог.

Учениците се запознаа со поимот, видовите насилство коишто постојат, карактеристиките на дете-жртва и дете-сторител на насилство и начините како да го препознаат, да го прекинат, да се справат и да побараат помош.

Учениците внимателно слушаа, препознаваа одредени сценарија кои означуваат прифатливо и неприфатливо однесување и научија техники како да се справат, а и да си помогнат едни со други.