По иницијатива на д-р Оливера Кочева, во нашето училиште на 13.3.2025 година се одржа предавање за учениците од седмо, осмо и деветто одделение на тема: „Врсничко насилство.“

Предавањето го одржаа д-р Оливера Кочева, заедно со училишниот педагог Жаклина Кречева, а учествуваа и Михаела Ајцева и Љупчо Стоев како дел од Ученичката заедница.

Целта на предавањето беше да се подигне свеста на учениците за опасностите и негативните последици од врсничкото насилство – булинг, се дискутираше за типовите на врсничко насилство, како да ги препознаат, а и да се заштитат од овие типови на однесување за среќно, безгрижно и слободно детство.