Први април е еден од најомилените денови на децата, ден кој се поврзува со прославата, забавата, шегата, смеењето и доброто расположение.
Првонаградена маска е „Турска свадба“, маска со која се претставија учениците од VII-A одд. под менторство на класниот раководител Гордана Терзиева.
Денес на 1 Април – Денот на шегата, нашите ученици, заедно со одделенските/класните раководители, организираа маскенбал во којшто ги претставија своите костими и маски, се забавуваа, пееја детски песнички и разменија низа досетки, шеги и трикови со неизбежното „Априлилили“.













