Нашето училиште имаше чест да присуствува на завршниот настан од двегодишниот проект „Градиме нови мостови“, реализиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје со поддршка на МОН и неколку амбасади.

Проектот имаше цел да ги зајакне меѓуетничките односи и социјалната кохезија преку заеднички активности на ученици од различни култури.

ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран (ПУ Ѓопчели) и ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци гордо учествуваа во реализацијата, потврдувајќи ја нашата посветеност кон воспитување генерации што ќе ја ценат различноста и ќе го градат соживотот од најмала возраст.

Голема благодарност до сите учесници и поддржувачи. Со проектот не завршуваме – продолжуваме да градиме држава на соживот, почит и единство.