Нашите предци, кои несебично се бореле за слободата, знаеле дека не постои едноставен пат до слободата.

Денес е наш ред, да им се поклониме, да се заблагодариме на храброста, истрајноста и човечноста која ја покажале тогаш кога било најпотребно.

Ви благодариме борци за слободата на нашиот Дојран. Сега и секогаш ќе останеме неми пред вашите големи дела, сега и секогаш ќе Ве споменуваме со благонаклоност и огромна почит.

Токму во чест на нашите храбри предци, денес, ние во слобода и радост, го славиме Денот на ослободувањето на Дојран.

Нека ни е честит и вековит!