На 9 и 10.12.2025 г., во нашето училиште се одржа веселата куклена претстава „Зајко Трајко“ од страна на Куклен младинско детски театар, во режија на Младен Крстевски и актерската екипа составена од Кирил Гравчев, Младен Крстевски и Виолета Ристовска.
Претставата ја следеа учениците од прво до петто одделение, се забавуваа, а преку ликот на Зајко Трајко и неговите авантури, научија дека силата не победува секогаш – туку правдата, чесноста, мудроста и итроштината.

