Со големо задоволство објавуваме дека Елена Џинова, ученичка од VI одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Дојран, е добитник на наградата „Најдобар во училиште“ на онлајн натпреварот по Информатичко размислување, кој се одржа на 14.12.2025 година.

За овој извонреден успех, Елена е наградена со паметен (смарт) часовник.

Нејзин ментор е Ристо Ристов, кому му упатуваме искрена благодарност за посветената работа, поддршката и мотивацијата.

Честитки до Елена и нејзиниот ментор! Ви посакуваме уште многу успеси и нови достигнувања!