На 30.1.2026 година се одржа општинскиот натпревар по математика, на кој учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран постигнаа одлични резултати и достојно го претставија своето училиште.
Честитки до сите ученици за вложениот труд, знаење и посветеност, како и искрена благодарност до менторите за нивната стручна поддршка и мотивација.
Горди сме на вашите успеси и Ви посакуваме уште многу награди и успеси на следните нивоа на натпреварување!
IV одделение
Стефани Џониќ – прва награда
Христијан Кречев – прва награда
Ристо Донев – втора награда
Антонио Узунов – трета награда
Ментор: Марија Вичентијевиќ
VI одделение
Јана Бошнакова – трета награда
Ментор: Ристо Ристов
VII одделение
Бојана Мазнова – прва награда
Ментор: Ѓорге Атанасов