По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Одделенскиот актив при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран организира работилница на тема „Мали раце – големи срца“, за учениците од прво до петто одделение.

Изработка на честитки;

Пишување убави пораки, мисли и желби;

Изработка на украсни цветови и декоративни изработки.

Сите изработки ќе бидат изложени во холот на училиштето.