На ден 20.2.2026 година се одржа работилница на тема „Профил на успешен претприемач“, реализирана со учениците од осмо одделение, во соработка со училишниот психолог, класните раководители и наставникот-ментор Гордана Терзиева.
На 27.2.2026 година, учениците од осмо одделение учествуваа и на работилница на тема „Личен идентитет“, каде со голем интерес и посветеност работеа на предвидените содржини.
Овие работилници се дел од Програмата за професионална ориентација, чија цел е учениците подобро да се запознаат себеси, да изградат здрава и реална слика за сопствените способности, да ги препознаат своите потенцијали, најизразени интереси и карактерни особини.
Преку вакви активности, учениците се насочуваат кон полесно и посигурно донесување одлука за избор на понатамошното образование и нивната идна професионална определба.


