По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Одделенскиот актив при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран организираше креативна и едукативна работилница посветена на значењето и улогата на жената во општеството.

Преку разговор, изведбени и творечки активности и заедничка работа, учениците имаа можност да се запознаат со важноста на овој ден, да изразат благодарност и почит кон жените кои секојдневно придонесуваат со својата љубов, грижа и посветеност.

Работилницата помина во пријатна и инспиративна атмосфера, исполнета со креативност, насмевки и убави пораки за сите жени.

Со детска радост и искрени насмевки, учениците од трето одделение им го честитаа 8 Март на сите жени во училиштето. Со мали гестови, топли зборови и креативни честитки тие ја покажаа својата благодарност и почит.

Нека 8 Март биде потсетник за почитта, силата и вредноста на жената – секој ден во годината.