По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ученици од нашето училиште учествуваа во креативна работилница на која изработуваа фигури од восок.
Со многу ентузијазам, трпение и креативност, учениците создадоа прекрасни рачни изработки кои се симбол на почитта, љубовта и благодарноста кон сите мајки, наставнички и жени кои имаат важна улога во нашиот живот.
Работилницата беше исполнета со позитивна енергија, насмевки и уметничка инспирација, а учениците покажаа дека со малку труд и многу фантазија може да се создадат вистински мали уметнички дела.






