По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ученици од нашето училиште ги посетија јавните институции и дел од бизнис секторот во нашата општина, каде на жените вработени им поделија рачни восочни изработки кои самите ги изработија.
Со овој мал, но искрен гест учениците изразија почит, благодарност и внимание кон сите жени кои секојдневно придонесуваат во работата на институциите и во развојот на нашата заедница.
Насмевките, топлите зборови и позитивната атмосфера беа најубавата потврда дека ваквите иницијативи носат радост и ја зајакнуваат поврзаноста меѓу училиштето и локалната заедница.
Среќен 8 Март на сите жени!







