Со голема гордост ги споделуваме постигањата на нашите ученици на Регионалниот натпревар по математика, кој се одржа на 14.03.2026 год.
Нашите ученици покажаа исклучителни знаења, труд и посветеност, претставувајќи го нашето училиште.
IV одделение:
Стефани Џониќ – II награда,
Христијан Кречев – II награда,
Антонио Узунов – III награда,
Ристо Донев – III награда, ментор Марија Вичентијевиќ.
VII одделение
Бојана Мазнова – II награда, ментор Ѓорге Атанасов.
VI одделение
Јана Бошнакова – пофалница, ментор Ристо Ристов.
Особено сме горди што нашата ученичка Бојана Мазнова се пласираше и на Државниот натпревар по математика, и ѝ посакуваме многу успех и среќа!
Им честитаме на сите ученици за вложениот труд и постигнатиот успех, како и на нивните ментори за поддршката и посветеноста.
Продолжуваме да создаваме успешни приказни.
