Во нашето училиште се одржа едукативно предавање на тема „Врсничко насилство“, реализирано од училишниот психолог.

Учениците имаа можност да разговараат за видовите на насилство, неговите последици и начини како да реагираат и да си помагаат меѓусебно. Преку отворена дискусија се поттикна свесноста за важноста на почитта, емпатијата и другарството.🤝

Создаваме училиште без насилство, исполнето со почит и разбирање.

#СтопЗаНасилство#БезбедноУчилиште#Другарство#Почит#Емпатија