По повод Денот на пожарникарите – 20 Мај, учениците и наставниците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран присуствуваа на показна вежба организирана од ДПД Дојран и Operation Florian, каде имаа можност одблиску да се запознаат со работата и пожртвуваноста на пожарникарите.
Преку симулацијата на сообраќајна несреќа учениците научија како се постапува во итни ситуации, колку се важни брзата реакција, тимската работа и хуманоста, но и колку е значајна улогата на доброволните пожарникари во заштитата на граѓаните.
Голема благодарност до сите учесници за оваа едукативна и корисна активност.


