Денес, 02.06.2026 година, учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран учествуваа на ПЛАЗМА Спортските игри за млади, каде што се одржаа натпревари меѓу ученици од општините Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини: народна топка (машки), фудбал, атлетика, одбојка, ракомет и кошарка, во категорија ученици родени 2011 година и помлади.

Преку спорт, дружење и фер-плеј, учениците ги покажаа своите способности, тимскиот дух и спортската култура. Им честитаме на сите учесници за вложениот труд и постигнатите резултати.