Вечерта на 4 јуни, ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран пулсираше во ритамот на младоста, креативноста и моќниот рацинов збор! Со преубава празнична програма исполнета со емотивни рецитали, театарска драма, и прекрасни настапи на училишниот хор и оркестар, уште еднаш докажавме дека едно име и една младост нè поврзуваат!
Свеченоста беше заокружена со доделување на заслужени признанија и награди за нашите најдобри ученици и ментори:
Директорот на училиштето им додели награди за успесите по биологија на: Данче Гогова (I награда), Христијан Ајцев (II награда) и Ања Танова (III награда), под менторство на наставничката Гордана Терзиева.
Градоначалникот на Општина Дојран, г. Илија Тентов, додели пофалници и парични ваучери на:
Илија Узунов – ваучер за исклучителен уметнички талент (ментор: специјален едукатор Сања Точева)
Данче Гогова, Христијан Ајцев и Ања Танова – ваучери за високи резултати на Државниот натпревар по биологија
Бојана Мазнова – ваучер за учество на Државниот натпревар по математика.
Признанија за успешен менторски труд од страна на градоначалникот добија и наставниците: Гордана Терзиева (биологија) и Ѓорѓе Атанасов (математика).
Честитки до сите наградени кои со своето знаење, уметност и талент ја продолжуваат светлата традиција на нашето училиште! Вие сте нашата гордост!







