Гордост е да се гледаат младите генерации како растат, учат и ги претвораат своите соништа во успеси.

Директорот Маријан Божичковиќ денес им ги додели пофалниците на учениците кои со својот труд, знаење, одговорност и посветеност се истакнаа во текот на учебната година.

Честитки до сите наградени ученици! Вашите резултати се доказ дека секој вложен труд носи успех. Продолжете да чекорите храбро по патот на знаењето, да поставувате високи цели и да верувате во себе.

Успехот не е случајност – тој е награда за трудот, истрајноста и желбата да се биде подобар секој ден.