Дете – најубавото, најтоплото зборче, најголемата радост и најискрената насмевка!

Детската недела е повод за многу активности, дружење, смеа и радосни детски мигови.

Денес, 6 октомври 2026 година, во нашето училиште се одржа детската претстава „Добрата Маја“, која ги развесели нашите ученици и им подари мигови исполнети со радост, дружење и детска фантазија. 🎭✨

Преку ваквите активности ја негуваме детската креативност, ја поттикнуваме љубовта кон уметноста и испраќаме порака дека секое дете заслужува среќно детство, внимание, почит и љубов.

Насмевката на детето е најубавиот украс на секое детство.