Во рамките на одбележувањето на Детската недела, во нашето училиште со посебна радост и свеченост се одржа приемот на нашите најмали ученици во Детската организација.
Нашите првачиња, со своите насмевки и детска возбуда, го направија својот прв свечен чекор во училишното семејство.
На свеченоста, директорот на училиштето Кирил Изов им посака топло добредојде на првачињата и им упати искрени желби за успешни училишни денови, исполнети со знаење, другарство, радост и убави спомени.
Нека овој ден остане во нивното сеќавање како почеток на едно прекрасно училишно патување! ![]()
Добредојдовте, драги првачиња!
Вашата училишна приказна штотуку започнува!


