Упис во прво одделение

Почитувани родители,Ве известуваме дека за упис во прво одделение согласно Законот за основно образование и потребните документи, потребно е да се изврши офталмолошки преглед на идните првачиња. Термините се отворени и можете да ги закажете преку вашиот матичен лекар. Ви благодариме!

Повеќе

Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ

Во тек е одржувањето на Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ – 2023, во кој активно учество зедоа ученици од второ до деветто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Им посакуваме многу успех и среќа на нашите ученици.

Повеќе

Пролет – добре ни дојде!

Март е еден од најубавите месеци, време кога полека ја испраќаме зимата, а се буди пролетта, прикажувајќи ни ги сите нејзини убавини. Сончевите денови пристигнуваат, насмевките и доброто расположение почесто се присутни, а и природата повторно се буди од зимскиот сон. Во прилог погледнете дел од активностите

Повеќе

Конкурс за најдобар есеј за ученици од основните училишта на тема „Јазикот наш денешен“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува Конкурс за најдобар есеј за ученици од основните училишта на тема „Јазикот наш денешен“. На Конкурсот имаат право да учествуваат сите ученици од основните училишта во Р С Македонија. Трудовите треба

Повеќе

Резултати од општински натпревар по природни науки

На ден 10.03.2023 се одржа општински натпревар по природни науки за учениците од IV и V одделение. Учениците од OOУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран ги постигнаа следните резултати и остварија пласман на регионален натпревар: 1. Христијан Ајцев V одд. 83% остварување (38 п.) – II награда,

Повеќе

Резултати од општински натпревар по биологија

На ден 10.03.2023 се одржа општински натпревар по биологија за учениците од VII до IX одд. Учениците од OOУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран ги постигнаа следните резултати: 1. Васил Стоев IХ одд. 94% остварување (46 п.) – I награда; 2. Снежана Тасева IX одд. 86% остварување

Повеќе

Наградени ученици од ликовниот конкурс по повод 8-ми Март

По повод Осми март, Меѓународен ден на жената, беше распишан ликовен конкурс во кој учествуваа учениците од I до V одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Комисијата одлучи да ги награди следните ученици: 1 место – Jана Бошнакова III одд. 2 место – Есра Агушева

Повеќе

Честит 8 – ми Март

Почитувани ученички, наставнички и стручни соработнички, мајки и останати припаднички на женскиот пол – Честит 8 Март! Меѓународниот ден на жената – 8 Март е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Осми март за Меѓународен ден на жената

Повеќе