Покана за дефиле и презентација на маски по повод 1 Април

Почитувани родители, Учениците при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран по повод 1 Април – Денот на шегата, Ве покануваат на дефиле и презентација на групни маски. Маскенбалот ќе се одржи на ден 31.03.2023 година во петок, со почеток од 11:00 часот во училишниот двор.

Повеќе →

Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ

Во тек е одржувањето на Меѓународниот математички натпревар КЕНГУР БЕЗ ГРАНИЦИ – 2023, во кој активно учество зедоа ученици од второ до деветто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Им посакуваме многу успех и среќа на нашите ученици.

Повеќе →

Пролет – добре ни дојде!

Март е еден од најубавите месеци, време кога полека ја испраќаме зимата, а се буди пролетта, прикажувајќи ни ги сите нејзини убавини. Сончевите денови пристигнуваат, насмевките и доброто расположение почесто се присутни, а и природата повторно се буди од зимскиот сон. Во прилог погледнете дел од активностите

Повеќе →

Конкурс за најдобар есеј за ученици од основните училишта на тема „Јазикот наш денешен“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, по повод јубилејот 70 години од основањето распишува Конкурс за најдобар есеј за ученици од основните училишта на тема „Јазикот наш денешен“. На Конкурсот имаат право да учествуваат сите ученици од основните училишта во Р С Македонија. Трудовите треба

Повеќе →

Резултати од општински натпревар по природни науки

На ден 10.03.2023 се одржа општински натпревар по природни науки за учениците од IV и V одделение. Учениците од OOУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран ги постигнаа следните резултати и остварија пласман на регионален натпревар: 1. Христијан Ајцев V одд. 83% остварување (38 п.) – II награда,

Повеќе →

Наградени ученици од ликовниот конкурс по повод 8-ми Март

По повод Осми март, Меѓународен ден на жената, беше распишан ликовен конкурс во кој учествуваа учениците од I до V одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Комисијата одлучи да ги награди следните ученици: 1 место – Jана Бошнакова III одд. 2 место – Есра Агушева

Повеќе →

Регионален натпревар по математика

На 04.03.2023 год. (сабота), во ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран беше одржан регионален натпревар по математика за учениците од четврто до деветто одделение. Натпреварот беше во организација на Сојузот на математичари, а учество зедоја 79 ученици од Дојран, Богданци, Стојаково, Валандово, Јосифово, Гевгелија, Негорци и Миравци.

Повеќе →

Општински натпревар по математика

На ден 04.02.2023 год. беше одржан општински натпревар по математика за учениците од IV до IX одд. Нашите ученици ги постигнаа следните резултати и остварија пласман на регионален натпревар: Љупчо Стоев VII одд. – II награда, ментор: Ѓорге Атанасов; Димитар Делев VI одд. – Пофалница, ментор: Ристо

Повеќе →