Одбележување на 5 Ноември – Денот на ослободувањето на Дојран

Крос на учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран; Свечена изведба на хористите при ООУ „Кочо Рацин“ под диригентската палка на менторот Крсте Гогов; Положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на паркот во Нов Дојран; Доделување на награди и признанија на учениците од страна на директорот

Повеќе

Наградени ученици од литературниот конкурс по повод 5 Ноември (Денот на ослободувањето на Дојран)

По повод 5 Ноември (Денот на ослободувањето на Дојран) беше распишан литературен конкурс на кој учествуваа учениците од шесто до деветто одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран. Комисијата одлучи да им се доделат награди на следните ученици: 1 место – Михаела Ајцева VIII одд. 2

Повеќе

Наградени ученици од конкурс по повод Денот на учителот

По повод Денот на учителот беше распишан конкурс во кој учествуваа учениците од VI до IX одделение при ООУ ”Кочо Рацин” – Нов Дојран и комисијата одлучи да им се доделат награди на следните ученици: Литературни творби:VI одд.- IX одд. 1 место – Босилка Стојанова IX-Б одд.2

Повеќе

Прием на ученици од I до IX одделение

Почитувани ученици и родители, Учебната година започнува на 1-ви септември 2023 г. (петок). Прием на ученици од I до IX одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран – 08:00 ч. Приемот на ученици од I до V одделение во подрачните училишта при ООУ „Кочо Рацин“ е

Повеќе

Училишно табло

Драги деветтооделенци, наши Рацинови следбеници, Денес Ве испраќаме и го означуваме крајот на вашето основно образование и дружење во училиштето. Ќе Ве паметиме како генерација која успешно ги совлада сите предизвици коишто ги наметна Ковид пандемијата; како одговорна генерација секогаш подготвена за соработка и стекнување нови знаења;

Повеќе

Прва награда на регионалните натпревари по предметите Оркестар и Хор

Мешаниот оркестар и хористите при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран, а и под диригентската палка на наставникот Крсте Гогов, освоија ПРВА награда на регионалните натпревари по предметите Оркестар и Хор. Честитки до сите ученици и менторот Крсте Гогов. Ви посакуваме уште поголеми успеси во иднина!

Повеќе

Првенец на генерација

ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран за првенец на генерација 2022/23 го прогласува Васил Стоев, ученик којшто ги заслужува сите најубави зборови и пофалби упатени од страна на наставниците и соучениците за неговиот континуиран успех, примерно поведение, постигнати високи резултати на училишни, регионални и државни натпревари од

Повеќе