Со низа активности продолжуваме да го одбележуваме „Месецот на книгата“. Втората активност по повод овој настан, се реализираше во „Есенското книжевно катче“, уредено од учениците од ООУ „Кочо Рацин“ од Нов Дојран.
Топло добре дојде му посакавме на нашиот драг и ценет поет Стефчо Стефанов – Аџамија. Тој своето детство го поминал во родниот Дојран. Има објавено четири книги со поезија и две мали џебни книги кои ги опишуваат сите фрази кои можеме да ги слушнеме во Дојран и околината и да се зачудиме што всушност значат. Тој ги поттикна учениците и тие да земат пенкало и празно ливче хартија и да започнат да пишуваат со полно трпение и уживање.
Воедно дел од учениците се претставија со свои лични поетски творби, инспирирани од убавините на златната есен. Оваа поетска средба беше завршена со мислата „Книгите секогаш ќе останат во мода, а луѓето кои го следат тој тренд знаат дека секоја книга има посебна приказна која треба да биде прочитана“.