ООУ ,,Кочо Рацин“

Училиштето располага со 16 училници, 9 специјализирани кабинети за предметна настава, библиотека, спортска сала, спортски игралишта, трпезарија со кујна, наставнички кабинети и канцеларии за персонал, како и инклузивна просторија за деца со посебни образовни потреби. Сите училници и кабинети се опремени со стандардни училишни табли, проектори и смарт – табли. Секој од специјализираните кабинети располага со соодветна опрема за предметот, кој во него се изучува.

Развој и историјат

ООУ ,,Кочо Рацин“ е основно училиште во Општина Дојран, основано во 1948 година.

Главната училишна зграда е лоцирана на ул. „Моша Пијаде“ бр. 14 во Нов Дојран. Во состав на основното училиште се и пет подрачни училишта во населените места: Стар Дојран, Николиќ, Фурка, Црничани и Ѓопчели.