Нашите предци, кои несебично се бореле за слободата, знаеле дека не постои едноставен пат до слободата.

Денес е наш ред, да им се поклониме, да се заблагодариме на храброста, истрајноста и човечноста која ја покажале тогаш кога било најпотребно.

Ви благодариме борци за слободата на нашиот Дојран. Сега и секогаш ќе останеме неми пред вашите големи дела, сега и секогаш ќе Ве споменуваме со благонаклоност и огромна почит.

Токму во чест на нашите храбри предци, денес, ние во слобода и радост, го славиме денот на ослободувањето на Дојран.

📍Крос на учениците од ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран во женска и машка конкуренција:

3 место – Симона Колевска

2 место – Роза Стамкова

1 место – Шукрије Курти

3 место – Илија Николиќ

2 место – Теодор Чуков

1 место – Митко Гогов;

📍Свечена изведба на хористите при ООУ „Кочо Рацин“ под диригентската палка на менторот Крсте Гогов;

📍Положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на паркот во Нов Дојран;

📍Доделување на награди и признанија на учениците од страна на градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов;

📍Читање на литературни творби за Дојран:

3 место – Данче Гогова VII – A одд.

2 место – Јована Мазнова – VIII – Б одд.

1 место – Михаела Ајцева – IX одд.

📍Настап со традиционални танци на нашите ученици при ФА „Мегдан“.

Нека ни е честит 5 Ноември – Денот на ослободувањето на Дојран!