Децата се нашето најдрагоцено и најголемо богатство – да ги мотивираме, инспирираме, поттикнуваме, поддржуваме и правилно воспитуваме за утре да се гордееме на нивните успеси кои несомнено ќе следат.

Со презентации, музички изведби, претстави, игри и спортско-рекреативни активности, во периодот од 02.10.2023 – 08.10.2023 година ООУ „Кочо Рацин“ ја одбележува Детската недела којашто оваа година е под мотото „Јас и светот околу мене“. Во Рамките на Детската недела, којашто е и законска манифестација наменета за децата согласно член 221 од Законот за заштита на децата, сите земји, вклучително и РС Македонија, членките на ООН ставаат посебен акцент на детето и на правата на детето предвидени во законските регулативи имплементирани кај секоја држава, а кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на детето при ООН.