Учениците од трето, четврто, петто, седмо и осмо одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран реализираа еднодневна екскурзија низ повеќе локации во Скопје заедно со своите одделенски и класни раководители. Учениците ги посетија: Зоолошката градина, тврдината Кале, црквата Свети Спас и вечното почивалиште на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Гледаа филм во киното Синеплекс, се запознаа со богатото национално и културно наследство на нашата земја и ги проширија своите знаења преку воспитно-рекреативна и компензаторско-образовната функција на вонучилишните активности.