ООУ „Кочо Рацин“ активно продолжува со низата едукативни предавања за ставање крај на врсничкото насилство. Учениците од ПУ Николиќ присуствуваа на предавање од страна на стручни лица од Центарот за социјални работи во соработка со Општина Дојран. Целта на овие предавања е учениците да се запознаат со последиците коишто произлегуваат од врсничкото насилство, препознавање и превентивни мерки, наоѓање решение и справување со овој проблем.