На 17.10.2022 година (понеделник) во нашето училиште беше организирана еколошка акција. Во акцијата учествуваа учениците заедно со своите класни раководители, предметни и одделенски наставници. Еколошката акција беше реализирана во училишниот двор и истата беше наменета за целосно чистење на дворот.

Се надеваме дека со ваквите активности ќе се зголеми свеста кај младите за зачувување на средината во којашто учат и живеат. Нашето училиште и понатаму активно ќе се вклучува во сите акции и кампањи од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.