На ден 13.05.2023 г. (сабота) во Општина Дојран ќе се реализира големата Еколошка акција насловена како „Генералка Викенд“. По тој повод се повикуваат: граѓаните, граѓанските здруженија, училиштата, институциите, претпријатија, компании, спортски клубови, совети и заедници на станари, месни заедници и други субјекти, да покажат добра волја, односно да се вклучат сите кои се во можност во оваа благородна еколошка акција.
Заедно сите да допринесеме ДА ја направиме нашата општина чиста и зелена, да покажеме со личен пример и општествена одговорност колку ни е важна природната средина и околината во која живееме и работиме, да покажеме дека отпадот треба да се остава на определени места, да покажеме дека отпадот треба да се селектира и рециклира.
Граѓаните во акцијата можат да се вклучат на два начини и тоа:– со вклучување работно во акциите за собирање на оставен или фрлен отпад од уредени и неуредени зелени површини во околината на своите домови, игралишта, крајбрежјето на езерото, долови, покрај улиците, своите дворови и други слични локации.– или преку предавање на непотребен и неупотреблив отпад од своите домови, како на пример (стаклени шишиња, тегли, пластични шишиња, лименки, електронски отпад, неупотребливи апарати, неупотребливи автомобилски гуми, хартија и слично) на определените места за селекција на отпад поставени во градот.
ВКЛУЧЕТЕ СЕ и ВИЕ!Акцијата почнува во сабота (13.05.) со почеток во 09:00 часот.