Јазичниот актив при ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран ќе реализира свечен настан по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари, со почеток од 12 часот, во главниот училишен хол.

На настанот учество ќе земат поголем број ученици од предметна настава, со пригодно избрани активности од страна на Јазичниот актив. Целта на настанот е да се одбележи Мѓународниот ден на мајчиниот јазик, со што ќе го мапираме и нашето училиште како организатор на свеченост за одбележување на денот.

По истиот повод, Јазичниот актив распиша литературен конкурс за учениците од предметна настава, на тема:„Мајчиниот јазик – мојот корен, моето јас“.Најдобрите три литературни остварувања, ќе бидат прочитани и одликувани со Диплома за освоено место на свеченоста по повод Денот на мајчиниот јазик.

Воедно, ги покануваме сите ученици и наставници од ООУ „Кочо Рацин“, да бидат дел од свечениот настан, одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари.

Со почит,Јазичен актив на ООУ „Кочо Рацин“ – Нов Дојран.