Почитувани родители и сограѓани, На 18 и 19 мај 2023 г. (четврток и петок), во Дојран, Богданци и Валандово ќе се одржи најголемиот и најмасовен спортски настан за учениците од основните училишта – Мали олимписки игри.
Ќе се натпреваруваат околу 500 ученици од 40 основни училишта, во 5 спортски игри: кошарка, ракомет, одбојка, футсал и фудбал (машки/женски).
Во прилог погледнете ги термините за одржување на игрите редоследно и ајде, сите заедно, да им дадеме голема поддршка на нашите ученици коишто ќе се натпреваруваат во игрите. Ве очекуваме!