Според Програмата за еднакви можности помеѓу жените и мажите во Општина Дојран, оваа календарска година предвидено е да се реализираат обуки за спречување на врсничкото насилство односно булинг во училиштата, како и обука, односно предавања за спречување на малолетнички бракови. Во соработка со стручни лица од Центарот за социјални работи од Гевгелија изминатиот период се спроведуваа обуките за спречување на малолетничките бракови.
Според Кривичниот законик, детските бракови се забранети, а животот во вонбрачна заедница со малолетни лица се смета за повреда на правата на децата и претставува кривично дело. Освен што малолетничките бракови имаат негативно влијание врз здравјето на младите девојчиња тоа е и една од причините за напуштањето на училиштето. Токму поради овие причини, Општина Дојран заедно со стручниот тим од Центарот за социјални работи и во наредниот период ќе врши едукација за ризикот од малолетнички бракови, како и нивното спречување и одложување за подоцна во животот.